Сефови

Сефот е од класа МС и е наменет за чување скапоцености од голема вредност. Оклопот од телото на сефот е со дебелина 80мм, а во него се вградени челични плочи со дебелина од 5мм и јачина од 55РЦХ. Внатрешноста е исполнета со специјален бетон, отпорен на дупчење и температура до 600 C. Вратата е дебела 76мм и изработена е исто како и телото на сефот. Механизмот на вратата е изработен од висококвалитетни челици, заштитени од корозија. Истиот затвора со болтови , а на четвртата страна е поставен фиксен болт. Механизмот се заклучува со две брави од кои едната е со комбинација, а другата со клуч. И двете се поставени над специјално сигурносно стакло кое што овозможува уште една дополнителна сигурност на сефот.